logo
logo
logo

Бучковски: Во Македонија сакаат да се емитуваат и бугарските телевизии: Европа, Блумберг и Велнес

Vecer | 06.02.2021

Бучковски: Во Македонија сакаат да се емитуваат и бугарските телевизии: Европа, Блумберг и Велнес

Специјалниот претставник на Македонија во решавање на спроот со Бугарија Владо Бучковски најави дека во нашата земја има барање за емитување од уште три, 3, приватни бугарски телевизии.

Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина – рече Бучковски во вчерашното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Новинската агенција МИА веќе има и свој дописник од Софија, новинарот Николај Крастев, а на името на дописникот на Бугарската телеграфска агенција од Македонија сè уште се чека.

Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk