Македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат Скопскиот и Охридскиот аеродром за само две години е двојно зголемен. Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостување на ТВ Сител истакна дека во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродроми опслужувале околу 2 милиони патници годишно. Според него, годинава бројката се очекува да надмине или да биде блиску до 4 милиони патници, што претставува двојно зголемување за само две години и потврда на значителниот раст на македонскиот авиосообраќај.
Кога ние бевме избрани, пред само две години, некаде околу 2 милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме 4. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика која што ја водиме, не само на субвенционирање, туку на генерално на начин на работа на двата аеродроми. Се вложи многу, во моментов многу вложуваме на охридскиот аеродром, за многу брзо време ќе има многу убави вести. Така што, ако нешто ми дава уште поголема мотивација да работам, тоа е развојот на авио сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.
Тој потенцираше дека ваквиот начин на работа и менаџирање со аеродромите, беше препознаен и од ЕВРОКОНТОЛ, при што регионалниот состанок за Југоисточна Европа се одржа токму во Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата