Просветните работници во Македонија ги очекува ново значајно зголемување на личните примања. Вработените во училиштата во март 2027 година ќе добијат ново покачување на платите од 7,5 до 10 проценти, во зависност од движењето на стапката на инфлација, соопшти на денешната прес конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Ова покачување е директен резултат на договорот постигнат со СОНК, преку кој платите во образованието веќе се зголемени за над 20 проценти, додека речиси 300 наставници и стручни соработници напредувале во повисоки звања како ментори и советници, што им донесе уште поголеми месечни приходи.
Покрај добрите вести за буџетот на наставниците, министерката за образование порача дека процесот на оптимизација на училишната мрежа и воведувањето на едносменската настава нема да штети на вработените. Дадена е цврста гаранција дека ниту еден редовно вработен наставник нема да го изгуби своето работно место.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата