(ВИДЕО) ЗИМСКА БАЈКА НА ШАР ПЛАНИНА: Снегот ја обели Попова Шапка, прекрасни глетки од планинскиот бисер

Vecer | 27.10.2026

(ВИДЕО) ЗИМСКА БАЈКА НА ШАР ПЛАНИНА: Снегот ја обели Попова Шапка, прекрасни глетки од планинскиот бисер

Снегот на Попова Шапка, донесе вистинска зимска атмосфера на Шар Планина. Планинските предели добија бела покривка, а снежните сцени од популарниот туристички центар се најава за претстојната зимска сезона.

Според достапните метеоролошки податоци, на Попова Шапка е измерена максимална температура од 2 степени Целзиусови, а во изминатите девет часа до 16 часот е регистриран еден литар врнежи на квадратен метар.

Снежните врнежи повторно го привлекуваат вниманието кон еден од најпознатите зимски туристички центри во земјава. Белата покривка на Шар Планина носи вистински зимски сцени, на кои со нетрпение чекаат љубителите на планината и зимските спортови.

Снежните врнежи се потсетник дека студениот период е сè поблиску, а со него и очекувањата за почеток на новата скијачка сезона на Попова Шапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk