ИРАН НЕГИРА ДЕКА Е ВМЕШАН ВО ПЛАНИРАЊЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ГРЦИЈА

Vecer | 18.11.2026

ИРАН НЕГИРА ДЕКА Е ВМЕШАН ВО ПЛАНИРАЊЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ГРЦИЈА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ги отфрламе како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми, кои припишуваат наводен терористички план на фактори што се поврзуваат со Иран, соопштија преку Икс од прес-канцеларијата на амбасадата на Исламската Република Иран во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Амбасадата додава дека „овие неподдржани обвинувања се дел од клише кампањата на израелскиот режим и неговите механизми на пропаганда и психолошка војна за дискредитација на Иран“ и немаат никаква „вредност или кредибилитет“.

Целиот случај со разоткриената иранска мрежа што подготвувала терористички напад или атентат во Грција и понатаму е меѓу главните теми во медиумите во Грција, кои пренесуваат информации повикувајќи се на свои извори или пак на други домашни и светски медиуми.

За лицето што било цел на напад или атентат во Грција, преовладуваат неколку сценарија – едното дека станува збор за грчки бизнисмен со еврејско потекло, друго дека станува збор за Израелец од голема компанија во Грција, според трето пак дека станува збор за лице поврзано со израелски интереси.

Сепак, за ниту едно од овие сценарија не постои официјална потврда.

Израелски информативен портал „Ynet“, повикувајќи се на свои извори, објави дека за разоткривање на иранскиот план, помогнала израелската разузнавачка служба и „Мосад им доставил разузнавачки информации на властите во Грција и во Северна Македонија, со што помогнал да се спречи ирански заговор за атентат врз израелски државјанин во Грција“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk