Осуммесечна затворска казна и парична обврска од 3.300 евра му се изречени на Игор Дашковски Стојановски (44), кој ги запали двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.
Тој беше прогласен за виновен за кривичното дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита, откако пред судот ја призна вината, објави 4news.mk На рочиштето изјавил дека сам донел одлука да ги полие автомобилите со бензин и да ги запали.
Настанот се случи на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Бугарија на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата