Премиерот Христијан Мицкоски категорично стави крај на шпекулациите дали коалицијата ВЛЕН ќе изгуби функционерски места по локалните избори во Брвеница.
„Во животот важен е зборот и нема ништо поважно од зборот. Зборот ве прави да го сочувате вашиот образ. Или го имате, или го немате. Јас, во принцип, кога ќе се договорам, кога ќе дадам збор, тој збор е збор! И тука нема мрдање лево ни десно, ниту пак, какви било надворешни влијанија можат тој збор да го поместат. Така што ова не е прашање на математика туку е прашање на суштина којашто е договорена уште при формирање на владината коалиција во јуни 2024 и апсолутно немам намера да бидам жртва на каква било дневна политика. Зборот е даден, до 2028 година кога ќе бидат редовните парламентарни избори“, рече премиерот Мицкоски.
Останува отворено прашањето дали инсистирањето на „дадениот збор“ е само потврда за стабилноста на коалицијата, или пак претставува суптилна политичка порака испратена во контекст на изборните случувања во Брвеница.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата