СОФИЈА НЕГИРА ПРЕГОВОРИ СО СКОПЈЕ, Муцунски: Дијалогот продолжува со поддршка од ЕУ

Vecer | 06.11.2026

СОФИЈА НЕГИРА ПРЕГОВОРИ СО СКОПЈЕ, Муцунски: Дијалогот продолжува со поддршка од ЕУ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

За време на парламентарна дискусија, министерката за надворешни работи Велислава Петрова изјави дека, за време на мандатот на администрацијата на премиерот Румен Радев, се одржале само две официјални средби со Македонија.

Во однос на изјавите на властите во Македонија дека се водат преговори со Бугарија за членство на Македонија во ЕУ, таа ги оцени таквите тврдења како неосновани.

Бугарија не отстапува од договорите постигнати во 2022 година, нагласи дипломатката.

Петрова истакна дека очекува од Македонија да се појави наратив кој не е антибугарски.

Сè додека тоа не се случи, одржувањето на дијалогот ќе остане многу тешко, додаде таа, пренесе Њуз.бг

Инаку денеска шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски изјави дека во моментов се води дијалог со Софија кој има поддршка од европските институции и земјите членки на Европската Унија.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со швајцарскиот министер за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Игнацио Касис, во врска со изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека се работи на дијалогот меѓу Македонија и Бугарија, Муцунски рече дека процесот се одвива и на европско ниво со поддршка и од земјите членки.

„ Во однос на прашањето со Бугарија, мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставниците на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки – изјави Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk