Граѓаните да не веруваат на невистни за Алта Банка

НЕ Е КАКО „ТАТ“ И „ЕУРОСТАНДАРД“ од времето на СДСМ, граѓаните ќе бидат потполно обештетени, рече премиерот Мицкоски

Vecer | 06.11.2026

НЕ Е КАКО „ТАТ“ И „ЕУРОСТАНДАРД“ од времето на СДСМ, граѓаните ќе бидат потполно обештетени, рече премиерот Мицкоски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата прави максимални напори за да се најде соодветен купец за Алта банка Битола, истакнувајќи дека банката се наоѓа во одлична состојба и дека штедачите не треба да стравуваат за своите пари.

Мицкоски упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја дека се радува на црните сценарија и дека посакува граѓаните да не бидат обештетени, правејќи паралела со поранешните банкарски кризи со ТАТ и Еуростандард банка. Тој децидно гарантираше дека сите доверители и штедачи ќе бидат целосно обештетени до последен цент, потсетувајќи дека најголемиот дел од штедните влогови се законски осигурени во Фондот за осигурување на штедни влогови.

„Владата и опозицијата, конкретно СДСМ, имаат различна амбиција. Тие се радуваат на црните сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение, односно купец којшто ќе ја купи банката, бидејќи банката е во одлична состојба. Тие се радуваат граѓаните да не бидат обештетени, поп принципот на ТАТ, од времето на СДСМ, или „Еуростандард банка“ од времето на СДСМ. Јас кажав и стојам на тоа дека до последниот цент, секој доверител, секој штедач ќе биде обештетен бидејќи најголем дел од штедните влогови се осигурени во фондот за осигурување на штедни влогови“ рече премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk