БОГАТСТВО ПОД ЗЕМЈА КАЈ БИТОЛА – Откриени над 400 антички монети, меѓу нив и од времето на Филип Втори

Vecer | 03.07.2026

БОГАТСТВО ПОД ЗЕМЈА КАЈ БИТОЛА – Откриени над 400 антички монети, меѓу нив и од времето на Филип Втори
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Над 400 монети се откриени во петгодишните археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Црнобуки, Битолско, меѓу кои има и монети ковани во времето на Филип Втори Македонски, како и од Октавијан Август и античките градови Тесалоника, Пела, Амфиполис и Дирахион. Археологот Енгин Насух вели дека монетите ја откриваат хронологијата на античкиот град, а годинашните наоди сè уште се чистат и анализираат.

Иако постојат теории дека станува збор за античките градови Персеида или Линк, научниците засега не сакаат да донесуваат конечни заклучоци. Досегашните истражувања потврдуваат дека локалитетот бил развиен град од македонско-хеленистичкиот период со работилници, продавници и богата материјална култура, кој опстојувал до крајот на старата ера, а истражувањата ги продолжува заеднички македонско-американски тим.

Извор: СДК

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk