ЌЕ БИДЕТЕ АСИМИЛИРАНИ! Жесток говор на омраза кон Македонците од лидер на бугарска партија

Vecer | 15.10.2026

ЌЕ БИДЕТЕ АСИМИЛИРАНИ! Жесток говор на омраза кон Македонците од лидер на бугарска партија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов на социјалните мрежи изнезе навреди за Македонија и Македонците. Тој напиша дека сме биле Северномакедонци кои ја крадат бугарската историја.

„Знам дека моите зборови допираат до вашите уши и очи и знам дека ќе го слушнете и видите она што го напишав. Ние сме Бугари! Имаме историја долга над 1.300 години! Отсекогаш сме се нарекувале Бугарија! И сите нации знаат дека сме Бугари, го знаат името на нашата земја и ја знаат нашата историја, бидејќи сме една од најстарите држави во светот! И без оглед колку тоа не ви се допаѓа, што и да зборувате, што и да измислувате, колку и да сеете омраза и непријателство, и како и да се нарекувате себеси – вие сте Бугари. Отсекогаш сте биле и секогаш ќе бидете. А особено вие во Македонија, вие што го слушате или читате ова во моментов, порано или подоцна, ќе попуштите и ќе бидете асимилирани. И да ви кажам нешто како Бугар. Ние, Бугарите, не предаваме! Без оглед колку ја критикувам државата во моментов, не верувам дека постои и еден владин функционер способен да ја предаде Ива Михајлова! Зашто, драги Северни Македонци, ние, Бугарите, пред сè сме Бугари, а сè друго е на второ место“, напиша некогашниот неуспешен ТВ водител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk