СДС и Венко Филипче повторно ја активираат фабриката за паника. По мигрантите, водата и исплатата на пензиите и платите, сега посегнуваат и по банкарскиот сектор, се вели во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на на СДСМ.
„Нивната политичка понуда се сведе на една пресметка, вознемири ја јавноста, прогласи катастрофа и обиди се да заработиш врз стравот. Тоа е бескрупулозно политикантство.СДС и Венко Филипче по насока на нивниот ПР-шеф Башановиќ, кумот на Вучиќ, претставник на српскиот свет на кој му слугуваат, повторно се јави во јавноста со веќе видено сценарио. Со лаги и манипулации да шири страв и паника помеѓу македонските граѓани. СДС и Венко Филипче изгледа немаат што да им понудат на македонските граѓани, ниту програма, ниту визија за развој на држава и подобар живот на граѓаните, па затоа единствено што ги бива да прават е ширење хистерија. Како што не му помина сценариото за да создадат општ хаос и предизвикување страв и паника кај населението со ширење хистерија за водата за пиење во Скопје и во Гостивар, со лагите дека ќе дојдат мигранти во Македонија, така нема да му помине ниту оваа последна манипулација, се наведува во соопштението.
„Како што не му поминаа апокалиптичните сценарија, кои за СДС и Филипче очигледно се посакувани, за банкрот на државата, за колапс на пензискиот систем, така нема да им се оствари ниту ова последното за банкарскиот систем. Македонскиот банкарскиот систем е стабилен и тој не зависи од ниедни случувања во други држави, депозитите на сите депоненти се сигурни и безбедни. На крај повторно ќе остане само обидот на СДС и антимакедонецот Филипче да создадат хаос и нивните желби за застој и криза во државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата