Денеска гласаат болните и изнемоштените, БРВЕНИЦА ВО НЕДЕЛА ГО ИЗБИРА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

Vecer | 31.10.2026

Денеска гласаат болните и изнемоштените, БРВЕНИЦА ВО НЕДЕЛА ГО ИЗБИРА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи утре, 1 ноември, а денеска во населените места во општината гласаат болните и изнемоштените лица.

Првиот круг од предвремените избори се одржа на 18 октомври, кога најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои ќе се соочат во вториот круг.

На полноќ почна изборниот молк за вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

На изборите одржани на 18 октомври, право на глас имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56 отсто, односно гласале 7.565 избирачи.

Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство, во Општина Брвеница се организира втор круг гласање.

Предвремените избори за градоначалник во општината се распишани откако градоначалникот Јовица Илиевски ненадејно почина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk