Анализа

Случајот АЛТА БАНКА СРБИЈА МНОГУ ЛИЧИ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА од времето на СДСМ

Vecer | 31.10.2026

Случајот АЛТА БАНКА СРБИЈА МНОГУ ЛИЧИ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА од времето на СДСМ

Мерено според нето билансната актива, а според најновите податоци на НБС, ажурирани на последниот ден од јули, Алта банка беше деветта најголема банка на српскиот пазар. Тоа е, таа држи 2,9% од пазарот. Имаше актива од 214,9 милијарди динари, или околу 1,84 милијарди евра.

Како што може да се види од податоците од веб-страницата на НБС, оваа банка оствари профит од 140,8 милиони динари во првиот квартал од оваа година, а уште 244,37 милиони динари во вториот квартал.

Како што напиша Форбс Србија, Алта забележа најбрз раст на бројот на сметки на правни лица во банкарскиот сектор.

Според податоците од минатогодишниот финансиски извештај, банката имала 562 вработени во 2025 година. Остварила нето добивка од 11,6 милиони евра.

Алта банка е создадена со купување на некогашната сојузна ЈУБМЕС Банка (основана во 1979). Во 1997 година, законот е променет и банката станува класична комерцијална банка.

На крајот на 2018 година, Владата на Република Србија го понуди на продажба својот удел од 28,51% во ЈУБМЕС Банка. На тендерот во 2019 година, Алта Пеј Груп, приватен систем на здружени менувачници од Белград во сопственост на бизнисменот Давор Мацура, поднесе понуда и го купи државниот удел за 5 милиони евра.

По преземањето на мнозинскиот удел, Собранието на банката одобри предлог за промена на името, па од март 2020 година банката официјално работи под името Алта банка а.д. Белград, додека со текот на времето компанијата која го купи државниот удел го презеде нејзиното целосно сопствеништво.

Паралела: Еурстандард банка Македонија

Еуростандард Банката беше основана во октомври 2001 година со странски и домашен капитал. Како главни акционери во нејзините почетоцисе јавуваат швајцарските инвестициски компании Gofi Group of Finance and Investments SA и E.H.H. Eastern Hemisphere Holding SA од Мелиде, Швајцарија. На македонската јавност, банката и нејзиниот капитал најмногу и беа познати преку бизнисменот Трифун Костовски, кој беше еден од главните инвеститори и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на банката.

Гофи груп отвори и свое официјално претставништво во Скопје под името „ГОФИ Група за финансии и инвестиции СА од Мелиде, Швајцарија - Претставништво Скопје“.  Преку овој швајцарски фонд, Трифун Костовски во 2002 година ја основаше познатата македонска осигурителна куќа Еуролинк Осигурување. Со текот на годините, GOFI Group ги откупи сите акции и стана 100% сопственик на Еуролинк.

Накратко, станува збор за меѓународен инвестициски инструмент кој служеше како примарна сопственичка и капитална основа за дел од финансиските бизниси на Трифун Костовски во Македонија.

При продажбата на Еуролинк Осигурување и информациите од истрагата околу пропаѓањето на Еуростандард банка јавноста дознава дека и Банката и Осигурувањето се предводени и контролирани од семејството на Трифун Костовски чии одлуки се единствено клучни работата и судбината на Банката и Осигурувањето.

Накратко, станува збор за меѓународен инвестициски инструмент кој служеше како примарна сопственичка и капитална основа за дел од финансиските бизниси на Трифун Костовски во Македонија. Според документи и податоци на оштетените штедачи од Еуростанрад банка фирмата Гофи била на Трифун Костовски и семејството.

Еуростандард банка пропадна, замина во стечај, во време на власт на СДСМ. Подоцна ќе видиме како и зошто се случи тоа токму во време на власта на Заев и Филипче.

Во јануари 2014 година, Еуростандард банка станала целосен сопственик на Поштенска банка АД Скопје (наследник на поранешната Поштенска штедилница), по што официјално е извршено присоединување на Поштенска банка кон Еуростандард банка. И тоа видено со преземање на ЈУБМЕС од страна на Мацура.

За ова спојување се покренаа обвиненија за финансиски криминал и перење пари. Истрагите опфатија обвиненија против поранешно раководство и лица поврзани со работењето и трансакциите преку овие банки (вклучувајќи го и периодот околу активирањето на обезбедувања на кредити и преносот на средства).

На 13 јуни 2024 година, Основниот кривичен суд во Скопје донесе одлука со која ја запре постапката против клучните обвинети. Ова се случи како директна последица од контроверзните измени на Кривичниот законик (донесени од тогашното парламентарно мнозинство на СДСМ и ДУИ), со кои се намалија казните за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“, со што настапи апсолутна застареност за кривичното гонење на обвинетите.

Непосредно пред да се случи стечајот на Еуростандард банка тогашната министерка за финасии во владата на СДСМ, Нина Ангеловска, повлече 240.000 од таа банка и набргу ја напушти функцијата. Нејзината функција и дала на знаење што се подготвува и следи.

И Алта Банка и Еуростѕандард банка се сомнителни за злоупотреба при и по добивање сопственост/контрола на претходни државни финансиски институции. И двете се водени од едно семејство и ним блиски луѓе. И двете завршуваат со стечај.

Експанзија на бизнисот на Алта Банка

Алта банка е дел од деловната група Алта Груп. Групацијата работи во неколку различни сектори. Со купувањето на Стопанска банка Битола дополнително ја презеде и осигурителната куќа ЗОИЛ Македонија, која сега работи под името Алта Осигурување АД Скопје се вклучи и во осигурителниот бизнис. Алта се прошири и во секторот за недвижности. Планирано беше да се изгради голема зграда на местото на поранешната банка Јубмес во блок 32, која ја купи Алта. Станува збор за висока зграда наречена Кула Алта.

Алта се шири и регионално. Тие купија банка и осигурителна компанија во Македонија. Алта пеј во Црна Гора но и други држави, е исто така наведена како дел од групацијата.

Преку купување на малцински удел во Адико банка, а по договор со Рајфајзен банка, која го купи мнозинскиот удел во австриската банкарска група, Алта треба да ги преземе операциите на Адико банка во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Српскиот неделник Радар, близок до новата власт во Србија, неодамна објави и статија за учеството на банката преку заем во бизнисот, што вклучуваше ставање хипотека на канцеларискиот простор во палатата „Албанија“, престижна репрезентативна зграда во центарот на Белград.

Имено, во декември минатата година беше објавено дека дел од познатата Палата Албанија, која беше сопственост на Белградска банка во стечај, заврши во рацете на Владан Микетиќ, односно во неговата компанија Лога плус. Во таа зграда, Микетиќ купил канцелариски простор на дури седум ката, три соби со споредни простории во меѓукатниот кат и хол со две помошни простории на деветтиот кат, со вкупна површина од 3.324 квадратни метри. За сето тоа платил околу 13 милиони евра.

Платил со пари добиени како кредит од Алта Банка за неговата фирма која имала вкупен промет од само 19.000 евра и, дополнително, работела со загуба. Накусо, не исполнувала ни технички услови за кредит, особено не во така голем износ.

И покрај ова, Алта банка одлучува да му додели на Лога плус на Микетиќ кредит од дури 12 милиони евра. Во тоа време не беше познато врз основа на што е одобрен кредитот, а хипотеката на деловниот простор во Палатата на Албанија е регистрирана дури по осум месеци, во август оваа година.

По првичните сознанија, стечајот на Алта банка е последица на доделување кредити на фирми кои ни формлано ни оперативно немале услови да ги вратат парите на банката, кредити без реална намена и покритие.

Идентично, иако износите на Алта Банка се секако поголеми, пропаѓа и Еуростандард банка Скопје.

 Иако успешно функционираше речиси две децении во август 2020 година, Народната банка на Република Македонија и ја одзеде дозволата за работа поради неисполнување на минималните законски услови за капитална адекватност и голема изложеност на лоши кредити, по што во банката беше отворена стечајна постапка.

Во јавно познатите податоци за лица и фирми кои без покритие добивале милионски кредити од Еуростандарад банка Скопје во убедливо најголем дел се и дирикетно и индиректно лица од бизнис заедницата и партнерите на Зоран Заев, (во вредност од над 20 милиони евра) биле поврзани со тие бизнис-структури и компании од Струмица. Спред Народна банка се работи за 149 фирми и износ од 55 милиони евра.

За Алта банка ќе се знае во иднина, но за Еуростандард се знае уште сега дека државата мора да ги плати парите од фондот. Преку Фондот за осигурување на депозити (ФОД) беа исплатени околу 4,4 милијарди денари (околу 72 милиони евра) за 136.619 депоненти кои имаа заштеди до законскиот лимит од 30.000 евра.

Според официјалното обвинение поднесено од Обвинителството во јули 2026 година, вкупната штета предизвикана со стечајот на Еуростандард банка изнесува 1.662.417.664 денари (околу 27 милиони евра). Заедно со парите што Фондот за осигурување ги исплаќа штетата е околу 100 милиони евра.

Критичната точка за причините на проапст на двете банки е - кога политичари од власта ја злоупотребуваат власта за да ги користат парите од банката за свои потреби цели, без покритие.

Во време на власта на СДСМ тоа се случи со Еуростандар банка. Во врме на власта на СДСМ тоа се случи и во 1997 година со штедилницата ТАТ од Битола со штета од околу 60 милиони евра кои, со инфлација, се блиску до сегашната штета и проневера на 100 милиони од Еуростандард банка.

Лесно им е на СДСМ, Филипче и претходно Зоран Заев да зборуваат по прес конференции кој кому бил близок во банкарскиве афери. Да зборува може секој.  Но, зад се остануваат трагите, документите кои покажуваат реални факти и трагите за исчезнати и проневерени банкарски пари кои за нивна жал најчесто завршувале кај нивни функционери и фирми блиски до функционерите и нивната партија СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk