logo
logo
logo

Семејно насилство: НИКОГАШ ДОСЕГА ДРЖАВАТА НЕ ИНТЕРВЕНИРАЛА ВО ТОЛКУ МНОГУ СЛУЧАИ

Vecer | 07.06.2026

Семејно насилство: НИКОГАШ ДОСЕГА ДРЖАВАТА НЕ ИНТЕРВЕНИРАЛА ВО ТОЛКУ МНОГУ СЛУЧАИ

Семејните насилства се случувале отсекогаш но, никогаш како досега државата не интервенирала тие да се казнуваат и да видиме дека таа опасна појава земала многи голем замав. “Мир во куќа“ е основата на семејното живеење, а насилството дома го урива семејството од темел. 

Во мај 2026 година во Македонија е забележан рекорден број случаи на семејно насилство, со вкупно 191 пријавено кривично дело. Тоа претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец минатата година.

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднело 137 кривични пријави, што е пораст од 71,3% во однос на мај 2025 година.

Најчести кривични дела

Според податоците, најзастапени се: 130 случаи на телесна повреда, 52 случаи на загрозување на безбедноста. Во категоријата на најтешки кривични дела е евидентирано едно убиство во регионот на СВР Битола, како и два случаи на тешка телесна повреда.

Најголем број случаи се регистрирани во Скопје, со вкупно 62 пријавени кривични дела.

Постапување на институциите

Во истиот период, против 144 сторители се преземени мерки за кривично гонење, додека 143 лица се идентификувани како жртви.

Дополнително, 18 пријави се поднесени по забрзана постапка, со 15 приведени лица и 48 лица ставени под надзор.

Од МВР истакнуваат дека пријавите со забрзана постапка се зголемени за околу 800% во споредба со претходната година, што укажува на значително интензивирање на институционалното постапување во ваквите случаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk