logo
logo
logo

СУДСКАТА МАФИЈА РАБОТИ ВАКА - Судијата Вулнет Винца е пензиониран, три дена откако му го врати пасошот на бизнисменот Марковски

Vecer | 30.07.2026

СУДСКАТА  МАФИЈА РАБОТИ ВАКА - Судијата Вулнет Винца е пензиониран, три дена откако му го врати пасошот на бизнисменот Марковски

Претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, кој претседаваше со Кривичниот совет кога тој одлучи да му го врати пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, од денеска повеќе не е судија поради исполнување на условите за старосна пензија, објави „360 степени“.

Тој поднел барање до Судскиот совет да продолжи да ја врши функцијата, кое на денешната седница на Советот било одбиено со образложение дека задоцнил со доставувањето на потребната изјава. Воедно, Советот констатирал дека Винца месецов ги исполнил условите за старосна пензија.

Откако судот му го врати пасошот, бизнисменот Марковски вчера бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата бидејќи против него немало активна мерка за забрана на преминување на границата.

Адвокатот на Марковски денеска изјави дека тој не избегал од државата, туку заминал во Србија за да се ангажира околу тамошните бизниси кои ги поседува. Тој и седуммина други луѓе се обвинети за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“.

Иако опремата воопшто не се планирала за во Битола, бил спроведен тендер, потпишан договор во висина од околу 1,7 милиони евра, а неговата компанија „Марковски компани“ како добитник ги демонтирала машините од Кичево, ги донела во Битола и ги оставила немонтирани во кругот на РЕК „Битола”.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk