КОЈ ПОТПАЛУВА И ЗОШТО? Ноќна драма во Карпош - пожарникари гаснеа запалени автомобили

Vecer | 20.10.2026

КОЈ ПОТПАЛУВА И ЗОШТО? Ноќна драма во Карпош - пожарникари гаснеа запалени автомобили
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Пожар избувнал во автомобил „џили“ во скопската општина Карпош во раните утрински часови на 19 октомври. Огнот го зафатил и соседното возило „тојота“, а во инцидентот нема повредени.

Според информациите од МВР, пожарот бил пријавен околу 1:20 часот по полноќ. Автомобилот „џили“ бил во сопственост на 42-годишен скопјанец, додека „тојотата“, која исто така била зафатена од огнот, била во сопственост на 74-годишен жител на Скопје.

Пожарот го изгаснала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Надлежните преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk