logo
logo
logo

ШЕСТ УАПСЕНИ ПОРАДИ ТЕПАЧКА, го прекинаа концертот на Сузана Гавазова во Пештани (ВИДЕО)

Vecer | 29.08.2026

ШЕСТ УАПСЕНИ ПОРАДИ ТЕПАЧКА, го прекинаа концертот на Сузана Гавазова во Пештани (ВИДЕО)

Концертот на познатата македонска пејачка Сузана Гавазова, кој се одржуваше во охридското село Пештани по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, бил прекинат поради тепачка меѓу присутни лица.

Според информациите од терен, веднаш по започнувањето на физичката пресметка во селото дошло и до прекин на електричната енергија, па просторот каде што се одржувала веселбата останал во целосен мрак.

МВР соопшти дека шест лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка за време на јавен настан во охридското село Пештани.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 28 август 2026 година во 23:35 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Т.И. (42) и М.И. (36), двајцата од Велес, Г.М. (52) и А.Т. (45), двајцата од Пештани, П.Б. (21) од Битола и Н.Г. (19) од Прилеп.

Според информациите од полицијата, лицата за време на јавниот настан во селото го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Шестмината биле приведени во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во тие моменти, додека траела полициската интервенција, полицајците користеле електрични лампи на батерии за да го осветлат просторот и да можат непречено да ја спроведат интервенцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk