ВО 2023 МОЛЧЕА, ДЕНЕС ДЕЛАТ ЛЕКЦИИ, ВМРО-ДПМНЕ го прозва Филипче за Алта банка

Vecer | 20.11.2026

ВО 2023 МОЛЧЕА, ДЕНЕС ДЕЛАТ ЛЕКЦИИ, ВМРО-ДПМНЕ го прозва Филипче за Алта банка
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

СДС и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор, но дури по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна од првата. Толку од наводната итност на СДС и Филипче, толку од сериозноста на темата, а уште повеќе толку од сериозноста и посветеноста на опозицијата. СДС и Филипче правеа многу врева, но има многу малку работа и уште помалку одговорност од СДС и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче и СДС не одговараат за тоа зошто молчеа во 2023 година. Тогаш СДС и ДУИ беа на власт. Тогаш носеа одлуки. Тогаш нивни функционери учествувале во постапки поврзани со влегувањето на државното правобранителство во деловни односи со Алта банка. Зошто СДС и Филипче тогаш молчеа? Дали направиле проверки? Кој ја разгледувал документацијата? Кој дал согласност и врз основа на кои информации? Доколку имале сомнежи, зошто не реагирале тогаш, туку дури сега, кога се во опозиција? Филипче и СДС не можат да избегнуваат одговорност за одлуките од времето кога тие управуваа со државата, посочуваат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Не може СДС во 2023 година да молчи, а денес да држат лекции за одговорност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk