Алаѓозовски со претставници на турската заедница: Пописот е важна алка за гарантирање на правичната застапеност

Vecer | 11.02.2021

Алаѓозовски со претставници на турската заедница: Пописот е важна алка за гарантирање на правичната застапеност
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)


Националниот координатор за интеркултурализам и едно општество Роберт Алаѓозовски денеска оствари средба со претставници на турската етничка заедница во земјава.

Како што се наведува во официјалното соопштение, фокусот на средбата бил важноста од спроведување успешен попис.

На состанокот присуствувала и Јасмина Ѓоргиева, од Државниот завод за статистика.

Присутните биле едногласни за важноста од спроведување на најмасовната статистичка операција во нашата држава.

Алаѓозовски истакнал дека податоците добиени од пописот ќе помогнат и за соодветна имплементација на Стратегијата за едно општество, а особено за гарантирање на правичната застапеност на немнозинските заедници.

„При креирањето на политики мора да бидат земени предвид спецификите на сите етнички заедници во нашата држава, а тие политики мора да се базираат на податоци добиени од пописот“, било посочено на средбата.

Биле отворени и неколку прашања поврзани со спроведувањето на пописот, можноста при попишувањето да се користат јазиците на кои зборуваат немнозинските заедници, како и правичната застапеност помеѓу попишувачите на терен.

Претставничката на ДЗС, Ѓоргиева, информирала дека секој ќе има право да биде попишан на еден од седумте јазици предвидени со Уставот на Северна Македонија, односно македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk