АЈ УШТЕ ДЕНЕСКА, па од утре летниот терор ќе попушта

Vecer | 12.08.2026

АЈ УШТЕ ДЕНЕСКА, па од утре летниот терор ќе попушта
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Десетина дене веќе се измачуваме со високи температури кои одат блиску до 40 степени но, се очекува летниот терор да заврши, и тоа анскоро.

УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме.

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk