ВЕТУВАЛЕ БРЗО БОГАТСТВО, А ГРАЃАНИТЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ ПАРИ: Стотици Македонци измамени преку лажна инвестициска платформа

Vecer | 30.10.2026

ВЕТУВАЛЕ БРЗО БОГАТСТВО, А ГРАЃАНИТЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ ПАРИ: Стотици Македонци измамени преку лажна инвестициска платформа

Стотици граѓани од Македонија биле измамени преку лажна интернет-платформа за инвестирање, на која им биле ветувани заработки што никогаш не ги добиле.

За измамата, која се одвивала од декември 2025 до април 2026 година преку мобилна апликација и канал со неколку стотици претплатници, кривично се пријавени 56-годишна жена од Битола и 38-годишен маж од Естонија.

Според полицијата, осомничените ги наведувале граѓаните да вложуваат пари ветувајќи им сигурни добивки, а со тоа им предизвикале значителна финансиска штета. Досега се доставени пет пријави од оштетени лица, но финансиските анализи покажале дека бројот на измамени граѓани е многу поголем и се брои во стотици.

Случајот бил откриен по повеќемесечна истрага во која учествувале и меѓународни институции. Полицијата извршила форензичка анализа на електронски уреди и ги следела криптовалутните трансакции, преку кои биле обезбедени информации за сопственикот на криптопаричникот.

Од МВР предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на понуди за брза и лесна заработка преку интернет, особено кога станува збор за инвестиции во криптовалути со ветувања за високи и загарантирани приноси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk