Николоски пред претставниците на ЈЕТРО

МАКЕДОНИЈА НУДИ НАЈДОБРИ УСЛОВИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЦЕЛИОТ РЕГИОН

Vecer | 19.11.2026

МАКЕДОНИЈА НУДИ НАЈДОБРИ УСЛОВИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ЦЕЛИОТ РЕГИОН
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, рече вицепремиерот и министер за финансии, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија (ЈЕТРО).  

Во однос на глобалната криза, како што истакна Николоски, Македонија се обидува да ги задржи добрите економски показатели.

Фото: Министерство за транспорт
Фото: Министерство за транспорт


Со гордост можеме да кажеме дека во целиот реигон на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек околу 3 %, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релавантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги корегираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од  3,8 % на БДП. ​Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен – нагласи Николоски.

Според него, Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ.

Фото: Министерство за транспорт
Фото: Министерство за транспорт

Македонија е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија  Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки.  Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Труција, Унгарија и САД.  Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналениот данок на доход изнесува 10 %, данокот на добивка е  исто 10 % која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование – посочи вицепремиерот Николоски.

Рече и дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, и во делот на трговската размена, но и во однос на инвестициите и другите форми на економска соработка.

ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk