Николоски - Варнс

ПОТВРДЕНА ПОСВЕТЕНОСТА НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО САД и унапредување на билатералната соработка

Vecer | 19.11.2026

ПОТВРДЕНА ПОСВЕТЕНОСТА НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО САД и унапредување на билатералната соработка
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава. 

На средбата, како што соопшти Министерството за транспорт, била потврдена посветеноста на стратешкото партнерство и унапредувањето на билатералната соработка.

Фото: Министерство за транспорт
Фото: Министерство за транспорт


Посебен акцент на разговорот биле економската и трговска соработка, инфраструктурните проекти и нивната реализација, притоа беше потврдена ефикасната реализација на стратешките проекти од национален и регионален интерес. 

Фото: Министерство за транспорт
Фото: Министерство за транспорт


Вицепремиерот Николоски посочил дека изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се реализираат со одлична динамика согласно предвидените рокови.

На средбата станало збор и за соработката во рамките на НАТО и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

Фото: Министерство за транспорт
Фото: Министерство за транспорт


Николоски и Варнс разговарале и за билатералната соработка меѓу двете земји и поддршката на САД во делот на реформските процеси на Македонија.

Притоа, како што се наведува во о соопштението, била истакната важноста на континуитетот на партнерските односи, заедничката посветеност на реализацијата на приоритети и продлабочувањето на соработката особено во делот на економијата и трговската размена. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk