ЕДНАТА ЈА ДРЖЕЛА, ДРУГАТА ЈА ГОРЕЛА СО ЦИГАРА – нов тежок случај на врсничко насилство

Vecer | 19.11.2026

ЕДНАТА ЈА ДРЖЕЛА, ДРУГАТА ЈА ГОРЕЛА СО ЦИГАРА – нов тежок случај на врсничко насилство
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Две малолетнички нападнале трета во Кавадарци, едната ја држела, а другата ја горела со цигара, ваква пријава поднела мајката во полицијата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- На 18.11.2026 во 22:30 часот во ОВР Кавадарци, Е.К.(35) од Кавадарци пријавила дека на 16.11.2026 на улица Сремски Фронт во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била нападната од други две малолетнички, од кои едната ја држела, а другата ја горела со цигара. Известен бил јавен обвинител, Центар за социјални работи Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на настанот – соопштија од СВР Велес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk