МЕРЦ ГО ПРЕЧЕКА МИЦКОСКИ: Коалицијата на волните за постигнување праведен и траен мир во Украина

Vecer | 19.11.2026

МЕРЦ ГО ПРЕЧЕКА МИЦКОСКИ: Коалицијата на волните за постигнување праведен и траен мир во Украина
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за надвборешни работи Тимчо Муцунски се во Берлин, на состанок на Коалицијата на волните, за поддршка на Украина.

- Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир.

На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД.

Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk