Од денеска НОВИ ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТАРИНИ

Vecer | 15.06.2026

Од денеска НОВИ ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТАРИНИ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Стапуваат во сила нови правила за плаќање патарина на државните патишта. Промените се однесуваат на користењето на лентите за електронско плаќање и начинот на наплата со различни видови средства.

Лентите обележани за М‑таг се наменети ИСКЛУЧИВО за возила што плаќаат со електронски таг. На овие ленти повеќе не е дозволено плаќање со М‑карта (MCard).

Возачите кои користат М‑карта треба да ја извршат наплатата на другите достапни ленти на наплатната станица, согласно нивната намена и сигнализација.

Јавното претпријатие за државни патишта апелира до сите учесници во сообраќајот да ги следат информативните електронски табли поставени на патарините, со цел да се избегнат застои и непотребни задржувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk