logo
logo
logo

Менкиноски: БУГАРИЈА ГО ПРЕКРШУВА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО, ДОГОВОРИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ

Vecer | 21.08.2026

Менкиноски: БУГАРИЈА ГО ПРЕКРШУВА ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО, ДОГОВОРИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ

Крајно време е бугарско-македонскиот спор да го поставиме како правно прашање, вели познатиот адвокат Тони Менкиноски во интервју за МКД. Менкиноски истакнува дека Бугарија во 2017 година со едната рака потпиша дека ќе ѝ помага на Македонија да стане членка на ЕУ, но, како што вели, со другата рака ја користи својата позиција во ЕУ за да го попречува процесот.

– Тој (Договорот за добрососедство од 2017 година) создава права и обврски за двете држави. Во член 2, Бугарија презема обврска да соработува со Македонија во процесот на европска интеграција, да го споделува своето искуство и да ѝ помага во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија – вели адвокатот познат како застапник на македонските здруженија во  Бугарија пред Европскиот суд за човекови права.

Околу фактот дека Бугарија секогаш се повикува на тоа дека е членка на ЕУ  што „ѝ дава право“ да поставува услови, Менкиноски вели:

  Во меѓународното право постои фундаментален принцип – pacta sunt servanda. Договорите мора да се почитуваат. И не само формално. Тие мора да се исполнуваат совесно, во добра верба – bona fide.

Менкиноски вели дека многу важна правна паралела е искуството со судската постапка на Македонија со Грција од 2011 година, во време кога важеше ветото на Атина во врска со уставното име на Македонија.

Тогаш, Меѓународниот суд на правдата утврди дека Грција со своето однесување во НАТО, ја прекршила таа обврска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk