logo
logo
logo

Скокна цената на ајварката

ДОГОВОРЕНО НОВО ОТКУПУВАЊЕ НА АЈВАРКАТА - прва класа 40 денари, втора 30 денари

Vecer | 11.08.2026

ДОГОВОРЕНО НОВО ОТКУПУВАЊЕ НА АЈВАРКАТА - прва класа 40 денари, втора 30 денари

Од утре пиперката ајварка ќе се откупува по повисоки цени, откако е постигнат договор меѓу производителите, откупувачите и преработувачите. Првата класа ќе се откупува за 40 денари за килограм, првата и втората класа и пиперката наменета за индустриски капацитети за 30 денари, додека шкартот ќе се плаќа 15 денари. Договорот е постигнат на утринската средба во Струмица, по протестите на производителите од струмичко кои реагираа на дотогашната откупна цена од 25 денари за килограм за прва класа.

Министерот за земјоделство Борче серафимовски подвлече дека цените се постигнати со заеднички договор со производителите и и откупувалите и тој апелираше до преработувачите во наредниот период да се придржуваат на обврските од нивна страна за вистинско класифицирање на пиперката и од страна на откупувачите и добивање на точната информација за квалитетот на пиперката.

- Воедно апелирам и до земјоделците својот род да го предадат во откупните центри според класификациите кои ги имат дадено и пиперката согласно таа класификација да биде понудена и да ја добијат цената којашто ја очекуваат. Земјоделците заслужуваат својот труд кој го имаат вложено да им биде евалуиран и истиот да го наплатат по завршувањето на бербата, односно по завршување на сезоната и не само за пиперката туку и за сите останати култури, подвлече Серафимовски.

Додаде дека овие состојби не треба да се повторуваат секоја година, туку треба да се надминуваат со системски решенија за кои од октомври повторно ќе се направат состаноци со систе засегнати страни и ќе се побарало решение во делот на законите и подзаконските акти како што се вистинска класификација на пиперката согласно методологија, потоа рокови за исплата на предаденото во откупните центри и преработувачките капацитети и сето она што ги засега земјоделците за да имаат сигурносот во производството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk