Пред Германија и ЕУ

МАКЕДОНИЈА СЕДМА ВО ЕВРОПА според предвидувањата за економски раст

Vecer | 07.07.2026

МАКЕДОНИЈА СЕДМА ВО ЕВРОПА според предвидувањата за економски раст
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Според последната прогноза на ММФ за раст на европската економија, Македонија се најде на седмото место на најбрзо рaстечки економии на стариот континент. Во него се вклучени сите земји во Европа, не само членките на ЕУ, пренесе  еминентната EURONEWS.

Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија го зазема седмото место, далеку над 1,2% раст кој е просек за најголемите ЕУ економии. Прогнозата за Германија е 0,92%.

Македонија е една од ретките земји кои според процентот го следат светкиот тренд на раст, диктиран од мега-економиитена Кина, Индија и останатите светски економии.

Малта е на првата позиција според предвидениот раст, а во првата ДЕСЕТКА предничат земјите од т.н. Западен Балкан.

Според прогнозата на ММФ, се очекува високиот јавен долг, стареењето на населението, слабата продуктивност, долготрајните трошоци за енергија и постојаната геополитичка неизвесност да го одржат растот на водечките земји во Европа далеку под историските норми во остатокот од деценијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk