Сиљановска-Давкова од Анталија: МАКЕДОНИЈА СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ЗЕЛЕНА ИДНИНА И КЛИМАТСКА НЕУТРАЛНОСТ ДО 2050 ГОДИНА

Vecer | 11.11.2026

Сиљановска-Давкова од Анталија: МАКЕДОНИЈА СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ЗЕЛЕНА ИДНИНА И КЛИМАТСКА НЕУТРАЛНОСТ ДО 2050 ГОДИНА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија.

Таа укажа дека со третиот Национално утврден придонес (NDC 3.0), државата се обврзува да ги намали нето емисиите на стакленички гасови за најмалку 80% до 2035 година, со цел постигнување климатска неутралност до 2050 година.

Амбициите се преточуваат во политики преку претстојниот Закон за климатска акција, ажурираниот Национален план за енергетика и клима и Патоказот за праведна транзиција, усогласени со Реформската агенда на ЕУ и Националната развојна стратегија 2024–2044.

За Сиљановска-Давкова енергетската транзиција мора да биде праведна и прифатлива, без дополнително оптоварување на семејствата погодени од енергетската сиромаштија и загадувањето, со посебно внимание кон жените, децата и младите.

Претседателката посочи дека за остварување на климатските цели неопходно е предвидливо меѓународно финансирање, достапен капитал, технологија, градење капацитети и силни партнерства.

Според неа, за климатските амбиции да станат остварливи, солидарноста треба да се потврди преку конкретни инвестиции кои ќе им овозможат на државите подготвеност за дејствување.

„Да си заминеме од Анталија откако амбицијата ќе ја претворивме во имплементација, а солидарноста во вистинска инвестиција. Нашите деца заслужуваат безбеден, здрав свет и шанса не само да преживеат, туку и да напредуваат“, порача претседателката на лидерскиот самит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk