ГРЦИЈА УТРЕ ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЧЕТИРИ ЧАСА

ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА ? Утре четири часа ќе има застој на гранични премини

Vecer | 26.07.2026

ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА ? Утре четири часа ќе има застој на гранични премини
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Патувањето кон Грција утре нема да биде вообичаено. Поради штрајк на цариниците, гранични премини ќе работат со ограничен режим, а воазчите треба да бидат подготвени за чекање уште од пет часот наутро. Автомобилите ќе се пуштаат на секои десет минути, додека камионите воопшто нема да можат да поминат на границата во периодот од 5 до 9 часот, јавија локалните медиуми. 

Така ќе биде и на трите гранични премини кон Македонија, „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“).

Со оглед на тоа дека сме во шпицот на туристичката сезона, штрајкот дополнително ќе ги зголеми гужвите на граничните премини, па надлежните повикуваат за патување да се избегне времето во кое ќе се одвива штрајкот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk