logo
logo
logo

СТРОГИ КОНТРОЛИ И РАДАРИ ЗА ТРОТИНЕТИТЕ - Полицијата ќе лови и ќе одзема тротинети на прекршителите

Vecer | 02.07.2026

СТРОГИ КОНТРОЛИ И РАДАРИ ЗА ТРОТИНЕТИТЕ - Полицијата ќе лови и ќе одзема тротинети на прекршителите

Полицијата со радари, редовни и акциски контроли започнува лов на прекршителите кои возат електрични тротинети, со цел спроведување на новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот. Со новите законски правила, максималната брзина на електричните тротинети се ограничува на 20 километри на час, а на малолетниците целосно им се забранува да управуваат со нив. Дополнително, строго се забранува возење на две лица на еден тротинет.

Казнената политика е драстично заострена, па паричните казни за прекршоци можат да достигнат и до 275 евра. Власта воведува и мерка за итно одземање на тротинетот во случаи кога со него управува малолетник, кога се пречекорува дозволената брзина, ако на него се превезуваат две лица или пак ако возачот е под дејство на алкохол. Доколку прекршокот го направи дете, од МВР нагласуваат дека ќе се преземаат мерки согласно Законот за правда за деца и ќе одговараат родителите.

Од МВР признаваат дека сè уште немаат прецизен план како ќе го контролираат изнајмувањето на комерцијалните тротинети, со кои малолетниците често управуваат низ градовите, ниту пак како ќе се постапува со одземање на возилото доколку прекршокот е направен со изнајмен тротинет кој е сопственост на приватна компанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk