logo
logo
logo

МВР ГИ СПАСУВА СТРАНСКИТЕ ВОЗАЧИ ОД ГУЖВИ: Со неколку клика на мобилен се плаќаат сите сообраќајни прекршоци!

Vecer | 21.08.2026

МВР ГИ СПАСУВА СТРАНСКИТЕ ВОЗАЧИ ОД ГУЖВИ: Со неколку клика на мобилен се плаќаат сите сообраќајни прекршоци!

Министерството за внатрешни работи ја пушти во функција новата мобилна веб-апликација „Безбеден град“, која во оваа прва фаза е наменета за сите странски државјани и возачи на возила со странски регистарски таблички.

Преку оваа платформа, странските возачи ќе можат веднаш да проверуваат дали камерите од системот ги снимиле во сообраќаен прекршок низ државата, да имаат директен увид во прекршочните налози и сите глоби да ги платат по електронски пат.

Процесот на користење е едноставен и се одвива во неколку чекори:

При логирањето, возачот треба само да ја слика или скенира својата патна исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото што го управува во Македонија.

Со овој систем, странците повеќе нема да имаат изговори ниту пак, ќе се соочуваат со неочекувани задолжувања и дополнителни чекања на граничните премини, бидејќи сите давачки ќе можат да ги регулираат навреме.

Од МВР порачуваат дека ова е важен чекор во дигитализацијата на сообраќајните услуги, а во следните фази функционалностите на апликацијата ќе се прошируваат и за останатите категории корисници.

Линк до апликацијата: https://safecountry.mvr.gov.mk/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk