logo
logo
logo

Заболениот е од Бангладеш - ПОТВРДЕН ПРВ СЛУЧАЈ НА ДЕНГА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 28.06.2026

Заболениот е од Бангладеш - ПОТВРДЕН ПРВ СЛУЧАЈ НА ДЕНГА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА

Кај 42-годишен државјанин на Бангладеш, вработен во една од градежните компании во Македонија, лабораториски е потврдена денга треска и тој се наоѓа под постојан медицински надзор на Клиниката за инфективни болести, информира директорот на установата, д-р Фадил Цана.

Кај пациентот првите симптоми се појавиле уште пред да допатува во Македонија, а сега е во стабилна состојба.

– Во моментот кога пациентот стана сомнителен, беше направена детална анамнеза, физикален преглед и клиничка дијагноза за можни тропски заболувања – изјави д-р Цана.

Тој појасни дека пациентот имал треска и покачена телесна температура околу една недела пред пристигнувањето во земјава. По повторната појава на симптомите во Македонија, се консултирал со лекарот на компанијата, кој по направените анализи на крвта забележал одредени отстапувања и веднаш го упатил на Инфективната клиника.

Денга вирусната инфекција подоцна била потврдена и во Институтот за јавно здравје.

Директорот на Клиниката нагласи дека граѓаните немаат причина за загриженост, бидејќи не постои ризик од ширење на болеста во земјава.

Македонија не е ендемско подрачје за тропски заболувања. Денгата се пренесува исклучиво преку убод од тигрест комарец, кој најчесто е присутен во тропски и суптропски подрачја – рече Цана.

Тој посочи дека лицата што патуваат во тропски и суптропски земји имаат поголема веројатност да донесат одредени тропски заболувања.

Како најчести симптоми на денга треската, Цана ги наведе треската, високата температура, болките во телото, општата малаксаност, а во одредени случаи може да се појават и крвавења.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk