МИРОТ И СЛОБОДАТА ИМААТ ЦЕНА - Порака од премиерот Мицкоски по повод 25г. од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила

Vecer | 10.08.2026

МИРОТ И СЛОБОДАТА ИМААТ ЦЕНА - Порака од премиерот Мицкоски по повод 25г. од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила.

- Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина. На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили - пишува Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk