Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју на Македонската радио телевизија по повод две години мандат вели дека во моментот има историска градба паралелно на 6 автопатишта во Македонија.
– Јас сум среќен што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево-Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило, би рекол условно, кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа година го затворивме исто благодарение на домашните банки проектот коридор 8 и коридор 10д. Сега бараме на меѓународен пазар следна недела во вторник ЈПДП ќе бара од надворешни заемодаватели сума рамковна за до крајот на проектот со што до крај ќе ги обезбедиме парите – рече Мицкоски.

– При крај сме со Букојчани-Кичево, тоа е практично спојот помеѓу проектот на Синохидро и Бехтел и Енка. Завршена е процедурата, очекуваме и тој автопат да почне. Така што практично во еден момент ќе имаме 5 до 6 делници. Ќе ја имаме делницата Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, ќе ја имаме делницата Букојчани – Кичево, спојот меѓу автопатот на Синохидро и Бехтел и Енка, ќе се дозавршува автопатот Кичево – Охрид, почетна фаза Блаце – Скопје, во напредна фааза ќе биде Прилеп – Битола, очекувам прва половина следна година да имаме десетина километри пуштено на делницата Прилеп – Битола. Тоа историски не се правело во Македонија, 6 делници автопатишта да се градат – додаде Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата