logo
logo
logo

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА АЛАМИРА ВО СКОПЈЕ - Двајца пациенти на апарати за дишење, седум потврдени слулчаи

Vecer | 30.07.2026

ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА АЛАМИРА ВО СКОПЈЕ - Двајца пациенти на апарати за дишење, седум потврдени слулчаи

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години се во критична состојба и се приклучени на механичка вентилација, односно на апарати кои им помагаат при дишењето, откако биле заразени со западнонилска треска. Тие се лекуваат на одделот за интензивно лекување на Клиниката за инфективни болести, каде се хоспитализирани вкупно седум пациенти со потврдена инфекција.

Директорот на Клиниката, Фадил Цана, информирапе дека за уште тројца пациенти, кои се примени со акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, се чекаат резултатите од институтот за јавно здравје да се утврди дали и кај нив станува збор за западнонилска треска.

Значи седум се потврдени и кај тројца постои големо сомнение дека може да се работи за истата инфекција. Шеесет и шестгодишниот пациент е хоспитализиран на 26 јули и поради влошување на неговата здравствена состојба и според проценка на лекарите од одделот за интензивна нега, е интубиран и поставен на механичка вентилација. Тој не патувал надвор од државата и има многу коморбидитети. Сите други пациенти се на возраст над 60 години и со многу коморбидитети. Тие се стабилни и се лекуваат според сите современи медицински протоколи. Таа возрасна група е изложена на најтешката инвазивна форма на вирусот – посочи д-р Цана.

Во врска со тоа дали кога лица со вирусот ќе бидат хоспитализирани на Инфективната клиника можеби во стабилна состојба може понатаму да дојде до нејзино влошување, рече дека апсолутно може да дојде до влошување на нивната здравствената состојба и дека не може никој да процени како вирусот ќе дејствува во организмот.

– И затоа стручна проценка на инфектолозите е дека треба да се хоспитализираат, да се следат и да се мониторираат. Со оглед на тоа што се работи за заразно вирусно заболување, за кое според сите светски протоколи, се знае дека нема некој специфичен лек, туку се третираат симптомите (супортивна поддршка), доколку нивната здравствена состојба се влошува, се постапува според сите светски современи протоколи на лекување на ваков вид заболување. Клиниката за инфективни болести останува отворена за згрижување пациенти и е во целосна координација со надлежните здравствени власти. Граѓаните треба да ги следат препораките од надлежните служби – додаде д-р Цана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk