НЕ ГУБЕТЕ ВРЕМЕ СО АЛБАНСКИ ПАРТИИ, одете кај македонските, Тачи со порака до Албанците

Vecer | 30.10.2026

НЕ ГУБЕТЕ ВРЕМЕ СО АЛБАНСКИ ПАРТИИ, одете кај македонските, Тачи со порака до Албанците

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, апелира до сонародниците во Македонија да им пристапат на партиите на Македонците ако своите интереси како народ и поединечно не можат да ги остварат преку партиите на Албанците.

„Слушајте, ако продолжи вака, ви велам вам, Албанци, не губете време со албански партии. Треба директно да станете членови на македонски партии. Дури и во ВМРО сега, тоа е формално на власт. Бидејќи остварувањето на тие интереси да се стане министер, да се стане директор, денес се реализира многу подиректно, поефикасно во македонските партии. Ако ние, што да кажам, немаме кауза, немаме колективна платформа како народ, како нација, мора брзо да се интегрираме. Глупаво е да се губи време. Бескорисно е. Мора да се интегрираме во повеќепартискиот систем на големиот, моќен народ, што носи власт и така натаму…“, изјави Тачи во интервју за „Љајм“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk