БЛОКИРАНА КРСТОСНИЦАТА НА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“, тешка сообраќајка во центарот на Скопје

Vecer | 30.10.2026

БЛОКИРАНА КРСТОСНИЦАТА НА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“, тешка сообраќајка во центарот на Скопје

Сообраќајна несреќа утрово се случи на крстосницата меѓу улиците „Орце Николов“ и „Франклин Рузвелт“, каде што директно се судрија патнички автомобил и мотоциклист!

Сликите од местото на настанот се драматични, несреќниот мотоциклист сè уште лежи на самиот асфалт, додека загрижените граѓани и очевидци кои се затекнаа на фреквентната локација панично алармираат за итно доаѓање на медицинските екипи.

Според тврдењата на присутните минувачи кои веднаш притрчаа да помогнат, возачот на моторот е жив, но има видливи повреди и болки. Сообраќајот на овој потег во Дебар Маало е во прекин, а наскоро се очекуваат полициските патроли да ја блокираат улицата и да направат целосен увид за тоа кој го одземал правото на првенство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk