logo
logo
logo

Марко Рубио: ГОРД СУМ ШТО САД И МАКЕДОНИЈА СЕ ПАРТНЕРИ

Vecer | 08.09.2026

Марко Рубио: ГОРД СУМ ШТО САД И МАКЕДОНИЈА СЕ ПАРТНЕРИ

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка до граѓаните на Македонија по повод 35-годишнината од независноста на државата.

– Во име на американскиот народ, упатувам најтопли честитки до народот на Северна Македонија, додека славите 35 години независност – се наведува во честитката објавена на веб-страницата на американскиот Стејт департмент.

Рубио порача дека Соединетите Американски Држави се горди што стојат покрај Македонија како доверлив сојузник и партнер, притоа нагласувајќи ја улогата на земјата во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста во регионот.

– Северна Македонија игра важна улога во зајакнувањето на безбедноста и стабилноста низ целиот регион преку нејзината посветеност на нашата заедничка одбрана и соработка во борбата против тероризмот и напорите за сајбер-безбедност – истакна американскиот државен секретар.

Во честитката Рубио го поздрави и континуираниот раст на економското партнерство меѓу двете земји, вклучително и преку овогодишниот Стратешки дијалог одржан во Вашингтон.

Тој посочи дека САД и Северна Македонија заеднички ги унапредуваат можностите во повеќе клучни сектори.

Заедно, ги унапредуваме можностите во енергетиката, инфраструктурата, технологијата и другите сектори за зајакнување на просперитетот во двете наши земји – наведува Рубио.

Американскиот државен секретар упати и желби за мир, безбедност и просперитет во годините што следуваат.

Ви посакуваме радосен Ден на независноста и континуиран мир, безбедност и просперитет во годините што доаѓаат – се наведува во честитката.

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, упати и Амбасадата на САД во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk