Полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга пронашле неколку стебла од растението канабис сатива во близина на патот меѓу струшките села Татеши и Мислодежда.
Контролата била извршена на 7 септември, при што биле пронајдени стебла високи околу еден метар.
Стеблата биле подигнати и ќе бидат предмет на натамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата