logo
logo
logo

НИКОГАШ НЕМА ДА ОТСТАПИМЕ ОД ИДЕАЛИТЕ НА ИЛИНДЕН и АСНОМ, илинденска порака на премиерот Мицкоски

Vecer | 02.08.2026

НИКОГАШ НЕМА ДА ОТСТАПИМЕ ОД ИДЕАЛИТЕ НА ИЛИНДЕН и АСНОМ, илинденска порака на премиерот Мицкоски

Со апел за единство, непокор и цврста верба во иднината, премиерот Христијан Мицкоски ја заврши својата празнична беседа по повод Денот на Републиката – 2 Август, порачувајќи дека идеалите на Илинден и АСНОМ остануваат нечепканиот темел врз кој се гради македонската држава.

Премиерот истакна дека од местото каде што одекнува историјата треба да се испрати јасна порака до секој дом и секој граѓанин дека Македонија ќе остане достоинствена и исправена пред сите предизвици.

„Денес, од местото каде што одекнува гласот на историјата, да испратиме порака што ќе се слушне во секое македонско село, во секој град, во секој дом и во срцето на секој човек. Ќе останеме исправени кога е најтешко, ќе останеме обединети кога најмногу ќе се обидуваат да нè поделат. Ќе останеме достоинствени кога ќе сакаат да нè понижат, ќе останеме непокорни кога ќе посакаат да нè поколебаат и дека никогаш, никогаш нема да отстапиме од идеалите на Илинден и АСНОМ, затоа што тие не се само дел од нашето минато, туку се темелот врз кој ја градиме иднината. Затоа денес, со гордост, со вера и со длабоко чувство на одговорност, да си ветиме еден на друг дека ќе ја чуваме, дека ќе работиме за неа, дека ќе ја оставиме посилна отколку што сме ја наследиле и дека секогаш ќе бидеме достојни наследници на Илинденците. Нека живее вечниот дух на Илинден, нека живее државотворната мисла на АСНОМ, нека живее нашата единствена татковина, Бог да ја благослови Македонија“, порача премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk