logo
logo
logo

Муцунски: „Ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија“

Vecer | 03.01.2026

Муцунски: „Ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја поздравува акцијата на американските власти за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга.

Муцунски, во објава на неговиот профил на социјалната мрежа Икс вели дека е за поздравување тоа што Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата.

„Ја поздравувам објавата на Доналд Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата“, пишува Муцунски.

Тој, исто така, упатува пофални зборови и за државниот секретар Марко Рубио за, како што вели, неговото лидерство во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.

„Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, додава Муцунски.

Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) извршиле голем воздушен напад врз Венецуела, како и дека го заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга во операција спроведена со учество на американските агенции за спроведување на законот.

Како што напиша Трамп, „венецуелскиот лидер Мадуро е заробен и изнесен од земјата“.

Главната обвинителка на Соединетите Американски Држави (САД), Пам Бонди денеска соопшти дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се обвинети за повеќе кривични дела поврзани со дрога и оружје.

Таа на социјалната мрежа Икс напиша дека „Мадуро наскоро ќе се соочи со целиот гнев на американската правда на американска почва, во американските судови“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk