Доколку политичките партии успеат да се усогласат и да постигнат општ консензус земјата да биде една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ нема да има проблем да го поддржи тоа решеније, изјави пратеникот Антонијо Милошоски.
Тој потсети дека партијата и во минатите разговори го застапувала овој став, кој тогаш бил споделен и од други политички субјекти, но до договор не дошло поради спротивставени предлози од неколку партии.
– Ние и на претходните разговори како ВМРО-ДПМНЕ го искажавме нашиот став дека сме за една изборна единица и повеќе партии го делеа овој став. Но, за жал, две-три политички опции беа против – едните предложија осум изборни единици, друга политичка партија предложи три изборни единици, ДУИ предложи врзан праг од пет проценти како услов за една изборна единица. Беше забележително дека е тешко да се постигне консензус. Доколку се постигне консензус, ние немаме никаков проблем да има една изборна единица, истакна Милошоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата