logo
logo
logo

ТРОЈЦА ДЕДОВЦИ ОД ДЕЛЧЕВО ВЕЖБАЛЕ ПУКАЊЕ СО ДИЈАБОЛИ, останаа без пушките и муницијата

Vecer | 09.05.2026

ТРОЈЦА ДЕДОВЦИ ОД ДЕЛЧЕВО ВЕЖБАЛЕ ПУКАЊЕ СО ДИЈАБОЛИ, останаа без пушките и муницијата

На 08.05.2026 во 10:25 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на кеј на река Брегалница во Делчево, Н.А.(76), Ф.С.(80) и Б.П.(80), сите од Делчево, пукале во дрвена мета со две воздушни пушки со калибар 4,5 мм, сопственост на Здружението на пензионери од Делчево, каде тие биле членови.

Според пријавеното и извршениот службен разговор со пријавените, тие во изминатиот период се спремале за пензионерски спортски натпревар кој треба да се одржи кон крајот на месец мај во Кочани.

Метата, воздушните пушки и муницијата (дијаболи) се одземени и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk