logo
logo
logo

Ахмети се плаши од Артан Груби, Артан се плаши од затвор... КОЈ ОД НИВ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИ ОД СТРАВОТ?

Vecer | 17.08.2026

Ахмети се плаши од Артан Груби, Артан се плаши од затвор... КОЈ ОД НИВ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИ ОД СТРАВОТ?

“Нервозата за сведочењето на Артан Груби расте во ДУИ, едни се плашат дека ќе прозбори, други пресметуваат кого може да повлече со себе“, обвинува ВРЕДИ во денешното соопштение, коментирајќи го претстојниот судски процес против поранешниот висок функционер на ДУИ, Артан Груби.

Од ВРЕДИ велат дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се наоѓа во тешка политичка позиција.

„Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува ‘црната кутија’ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ“, наведуваат од ВРЕДИ.

Според партијата, во ДУИ постои поделба околу тоа како да се однесуваат кон случајот со Груби.

„Затоа нервозата расте. Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот. И додека Ахмети се заплеткува во сопствените приказни, Бујар Османи и натаму чека во низок старт“, се вели во соопштението.

ВРЕДИ притоа ги доведува во прашање досегашните изјави на функционерите на ДУИ за случајот со Груби.

„Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја злоупотребил неговата доверба, а веднаш потоа да рече дека ‘првото нешто’ е Груби да биде ослободен од куќен притвор“, прашуваат од ВРЕДИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk