logo
logo
logo

1.200 ГРАДИЛИШТА, 1.200 ПРОЕКТИ Владата продолжува со поддршка за општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот

Vecer | 05.07.2026

1.200 ГРАДИЛИШТА, 1.200 ПРОЕКТИ Владата продолжува со поддршка за општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска престојува во Општина Кавадарци, каде присуствуваше на поставување камен-темелник на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ и изврши увид во текот на реализацијата на проектот за изградба на нова картинг-патека во месноста Моклиште, со што ќе се запознае со динамиката на градежните активности на терен.

-Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари, изјави Мицкоски и додаде:

„Да се заблагодарам на министерот за спорт, на колегите од Владата коишто посветено работиме да оној проект којшто го почнавме пред нешто повеќе од две години кога бевме избрани како Влада, а тоа е реалокација на средства од централниот буџет кон општините биде вака успешен како што е денес. Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните“.

Уште еднашка нека е со среќа почетокот на изградбата на овој објект и отприлика како што ми кажа градоначалникот за година дена да се собереме повторно овде и да го пуштиме во употреба истиот, изјави Мицкоски од Кавадарци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk