ОД КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ЗА ЗГРАДА ВО ВЛАЕ? ВМРО-ДПМНЕ бара проверка на имотот на Еролд Муслиу

Vecer | 06.11.2026

ОД КАДЕ СЕ ПАРИТЕ ЗА ЗГРАДА ВО ВЛАЕ? ВМРО-ДПМНЕ бара проверка на имотот на Еролд Муслиу
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Случајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори, наведува ВМРО-ДПМНЕ во своето денешено соопштение.

Во текстот се додава:

„Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси.

Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција?

Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција?

Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи.

Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење.

Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи.

Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи.

Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk