МИЦКОСКИ И ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК: Што објавија од тет-а-тет средбата?

Vecer | 24.09.2026

МИЦКОСКИ И ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК: Што објавија од тет-а-тет средбата?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ во Њујорк, за време на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Што објавија од тет-а-тет средбата Мицкоски и Вучиќ?

- Остварив средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи.

Продолжуваме со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан, објави премиерот Мицкоски.

- Добар и отворен разговор со премиерот Христијан Мицкоски за традиционално пријателските односи меѓу Србија и С. Македонија, важноста на регионалната соработка и стабилност, како и за нашиот европски пат.

Србија сака најдобри односи со Северна Македонија, а за време на средбата разменивме мислења за понатамошно подобрување на билатералните односи, особено во областа на економијата, енергетиката, инфраструктурата и поврзаноста. С. Македонија е важен економски партнер на нашата земја и има значителен простор за понатамошно подобрување на трговската и инвестициската соработка.

Особено сме задоволни што С. Македонија ќе учествува на специјализираната изложба EXPO2027 во Белград, што ќе биде уште една можност за дополнително поврзување на нашите народи, економии и институции, објави Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по средбата со премиерот на Република С. Македонија, Христијан Мицкоски. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk